За Алијанса во Влада: Осум пратеници во замена за министри за здравство и правда, заедно со куп директорски места

Од:

Поддршката од Алијанса за Албанците ќе ја чини Владата три министерства и голем број директорски места да бидат раководени од кадри на оваа политичка партија. Иако првата средба помеѓу в.д. претседателот на Алијанса, Арбен Таравари и премиерот Димитар Ковачевски ќе се одржи денеска, меѓу функционерите постојат шпекулации како ќе се распределат ресорите. На овој начин, Владата ќе има сигурни нови осум гласови од пратеници од Алијанса.

Иако неофицијално, извесно е дека Алијанса ќе постави свој кадар на Министерството за здравство, со кое сега раководи Беким Сали од Алтернатива, партија чин претседател е Африм Гаши. „А1он“ го праша министерот Сали дали е подготвен да го отстапи своето место за кадар на Таравари, но до овој момент тој не одговори на пораката.

Се погласни се шпекулациите дека Алијанса на Албанците сака да раководи со Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, чиј сегашен министер е Љупчо Николовски. „А1он“ искомуницира со кабинетот на Николовски, од каде нема одговор, дали тој е подготвен да ја отстапи функцијата доколку се постигне договор меѓу Таравари и Ковачевски.

Третото министерство со кое ќе раководи засега не е прецизирано. Според непотврдени информации, тоа можно е да биде Министерството за правда, со кое од февруари, раководи министерот Никола Тупанчески.

„А1он“ контактираше и со Таравари. Прашан дали може да потврди дека Алијанса бара да управува со ресорите здравство земјоделие и правда доколку влезе во Владата, тој не демантираше и одговори: „Денеска имаме прва средба“, мислејќи на состанокот со премиерот Ковачевски.

Со влезот на Алијанса на Албанците, бројот на пратеници во Собранието како дел од владејачкото мнозинство ќе биде 72 гласа. Ова, ќе ја чини Владата и дваесетина директорски места. Засега, во тајност се држи кои би биле тие.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Владата не смее да крие од новинарите информации од јавен карактер

Горан Наумовски