Доживотен затвор за напаѓачот во училиштето на Флорида

Од:

Напаѓачот во училиштето во Паркленд, Флорида, 24-годишниот Николас Круз е осуден на 34 казни доживотен затвор без можност за помилување, откако семејствата на 17 убиени жртви сведочеа дека станува збор за злобно лице, кукавица, монструм и нечовек.

Судијката Елизабет Шерер определи 34 доживотни казни за Круз. Седумнаесет за секое убиено лице и уште толку за секоја повредена личност во масакрот извршен на 14 февруари 2018 година во предградието Форт Лодердејл.

По тримесечното судење, поротата на 13 октомври соопшти дека со 9:3 гласови го осудува на смртна казна. Но, законот на Флорида бара едногласнот за да се спроведе таква казна, па судијката Шерер му изрече доживотна.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец на деца во Америка избегна смртна казна, семејствата се очајни