Студенти од филмската академија во Лудвигсбург направија реклама за Мерцедес која стана хит на социјалните мрежи и предизвика големи реакции во Германија.
Рекламата зборува за системот на Мерцедес задолжен за спречување на несреќи кој може да ја предвиди опасноста пред таа да се случи.
Дејството е сместено во родното место на Адолф Хитлер, а автомобилскиот гигант веќе се огради од контроверзното студентско рекламно дело.