Македонија ќе има најсовремена лабораторија за хемиски и физички испитувања на културното наследство.
Како што рече денеска премиерот Никола Груевски по посетата на лабораторијата, набавена е нова, софистицирана опрема која значително ќе придонесе особено за процесите на конзервирање и реставрирање.
– Ова е дел од владиниот проект кој предвидува опремување на преку 90 лаборатории за истражувачки, научни и наставни цели, истакна Груевски.