Уапсен е Игор Милошевиќ, сериски силувач од Србија, кој пред неколку дена го интервјуираше Информер. Станува збор за таблоид близок до српскиот претседател Александар Вучиќ.
Милошевиќ е уапсен поради загрозување на безбедноста. Беше ослободен на 20 септември откако помина 15 години во затвор поради повеќекратни силувања, пишува Блиц.рс.
Лавина реакции предизвика интервјуто спроведено од новинарите на Информер. Серискиот силувач во својата исповед ги откри најмрачните детали од криминалните дела што ги направил.
Од неговото интервју е јасно дека тој е длабоко вознемирен човек кој уживал да ги вознемирува жените и се хранел со нивниот страв.