ВИДЕО: Пендаровски ги одликуваше македонските спортисти по повод 8 Септември – Денот на независноста

Од:

Претседателот Стево Пендаровски по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, на свечена церемонија денеска ги одликуваше македонските спортисти Оливера Наковска – Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски со високото државно признание Орден „8 Септември“.

„На 8 Септември 1991 година, користејќи го сувереното право на самоопределување, прогласивме независна држава и се вклучивме во културниот натпревар меѓу народите. Крајот на Студената војна го означи почетокот на тој голем натпревар во кој многу држави од Централна, Источна и Југоисточна Европа работеа напорно за да изградат стабилни и функционални демократски институции и да се интегрираат во светот.

Но, иако почнавме од иста стартна позиција и игравме според правилата, во одредени периоди како држава се соочивме со двојни стандарди и пристрасни судии што не секогаш ни овозможуваа праведно оценување на постигнатото“, рече Претседателот Пендаровски.

„На овој тежок пат постигнувавме и успеси, но, приредувавме и разочарувања за македонските граѓани. Енергијата честопати ја трошевме во меѓусебни обвинувања и опструкции, а на внатрешен план, најголем предизвик со кој и ден-денес се соочуваме се длабоките поделби во македонското општество, во нашиот тим. Единството е клучниот предуслов за успех, а, за да бидеме поуспешни во натпреварот меѓу народите, мора да го обновиме заедништвото и да ја вратиме свеста, не за личниот интерес, туку за општото добро.

Колку и да е важен двигател на општествените процеси, личниот интерес, сам по себе, не е доволен да изгради општество со развиено чувство за национален интерес, за општо добро. Оттука, вистинските двигатели на заедништвото треба да ги бараме меѓу оние кои не се мотивирани од тесни интереси, туку од повисоки цели“, кажа Претседателот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Мојата визија е јасна, Македонија ќе биде држава каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности

(ВИДЕО) Мицкоски: Денеска сме исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината

Горан Наумовски

Мицкоски: Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија

Понеделник 9 септември неработен ден за сите граѓани

Владата во боите на македонското знаме по повод Денот на независноста

ВИДЕО: НАТО со честитка за Денот на независност на Македонија