(ВИДЕО) „Обединети во слободата“ е мотото под кое Владата ќе организира прослава за 8 Септември

Од:

„Обединети во слободата“ е мотото под кое ќе биде организрано одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември информраат од Владата на Република Македонија.

Централната свечена прослава ќе се одржи во четврток на 8 септември во 19:30 часот на платото кај паркот „Ибни Пајко“ и ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија.

– Одбележувањето на 31 – годишнината од независноста на нашата татковина, на 8 септември (четврток), ќе започне во 8:45 часот, кога премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација во состав: Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Беким Сали, министер за здравство како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе оддадат почит и ќе положат свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“.

– Од 10:00 часот, премиерот Ковачевски ќе присуствува на свечената церемонија на доделување ордени од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски во вилата на Водно.

– Од 11:00 часот до 14:00 часот, во Скопје, во Градскиот парк на „Школка“ ќе се одржи манифестација која вклучува програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат куклената претстава „Лакомата Меца“, како и тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи. Во 12:30 часот, предвидено е изјави за медиумите да дадат министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Дополнително, од 11:00 часот во целата држава, ќе започне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки се обезбедува бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република.

Сите заинтересирани граѓани, ќе имаат можност до 20:00 часот бесплатно да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“ и „Хераклеја“, Музејот Охрид и Куќата на Робевци, музеите и заводите во Прилеп, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија.

Граѓаните и во Битола, имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука, како и Музејот на Западна Македонија во НОВ во Кичево.

Во Скопје, ќе бидат отворени, со бесплатен влез за сите заинтересирани граѓани Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, како и Даут пашиниот амам и Чифте амамот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Мојата визија е јасна, Македонија ќе биде држава каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности

(ВИДЕО) Мицкоски: Денеска сме исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината

Горан Наумовски

Мицкоски: Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија

Понеделник 9 септември неработен ден за сите граѓани

Владата во боите на македонското знаме по повод Денот на независноста

ВИДЕО: НАТО со честитка за Денот на независност на Македонија