146 санкционирани возачи на мотоцикли, шест мотоцикли одземени

Од:

Денеска (11.8.2022) во периодот од 8 до 12 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 146 возачи.

Од нив, 99 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 21 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

106 санкционирани возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Полицијата казни 332 возачи на мотоцикли, одземени се 11 мотори

Горан Наумовски