Холивудската ѕвезда Брус Вилис тврди дека жените се многу повеќе интелегенти од мажите, па од таа причина би требало да – владеат со светот.
– Ги обожувам жените и секогаш се чувствувам безбедо кога сум во нивна близина, изјави Брус Вилис во своето најново интервју, на 18 август 2013 година, кое го објави неделното списание „ You“.
– Жените се неспоредливо помудри од мажите. Затоа би требало да бидат претседателки на сите држави во светот, рече Брус. Актерот знае за што зборува, затоа што неговиот живот е исполнет со жени, тврди ѕвездата на филмот РЕД2, кој сега се промовира.
Брус, кој со поранешната сопруга Деми Мур има три ќерки – Рамер, Скаут и Талула, а со актуелната сопруга Ема Хеминг ја има петнаесетмесечна ќерка Мејбел Реј, често зборува за значењето на семејството и секогаш нагласува дека би бил неподнослив на сетот кога не би ги носел своите блиски на снимањето.