Сончево и топло, попладне можен краткотраен пороен дожд

Од:

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Попладне и вечер ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 Целзиусови степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со локална облачност

Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево и топло до 38 степени

Денеска сончево со мала облачност

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер