Унион го доби берлинското дерби

Од:

Унион, традиционално помалиот тим од германската престолнина, стигна до убедлива 3:1 победа над Херта во градското дерби на Берлин во првото коло од Бундеслигата.

Американецот Џордан Сиебачу во 32. минута го донесе Унион во водство, пред во второто полувреме, победата да биде потврдена преку Шералдо Бекер во 50. минута и Робин Кнохе во 54. минута. Херта, која лани драматично успеа да остане во Бундеслигата, на крајот само намали на 3:1 во 85. минута преку Доди Лукебакио.

Во другите мечви, Борусија Менхенгладбах стартуваше со победа од 3:1 над Хофенхајм, додека повратникот во елитата, Вердер, одигра 2:2 на гости кај Волфсбург.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Фудбалер на Ајнтрахт Ф. заразен со Ковид-19, цела екипа во карантин