Британската Влада го принудила „Гардијан“ да ги уништи документите предадени од Сноуден

Од:

Уредникот на „Гардијан“ Алан Расбриџер откри дека британската Влада се заканила оти против весникот, кој ги објавуваше документите на американскиот поранешен соработник на ЦИА Едвард Сноуден, ќе преземе правни мерки, доколку не ги уништи доверливите документи или не ги предаде на британските власти.

Во напис објавен синоќа на Интернет, Расбриџер наведува дека двајца службеници на британското разузнавање го следеле уништувањето на хард дисковите, „за да се осигураат дека ништо нема да претставува интерес за кинески агенти“.

Уредникот на „Гардијан“ истакнува дека уништувањето на информациите се случило овој месец и претставувало кулминација од неколкунеделниот притисок врз „Гардијан“ од британски официјални претставници.

Откако весникот почнал да ги објавува откритијата на Сноуден, со Расбриџер се поврзал „многу висок владин претставник, кој тврдел дека ја изразува позицијата на премиерот“.

Тој настојувал информациите дадени од Сноуден да бидат предадени или уништени.

Потоа следеле „се понапнати“ средби со британските власти кои на крајот се заканиле со судска пресметка за истечените документи“.

Расбриџер вели дека уништувањето на хард дисковите нема да попречи на покривањето на темата од страна на „Гардијан“, алудирајќи дека копии од досиејата на Сноуден се држат на друго место и оти покривањето на оваа тема ќе продолжи надвор од Велика Британија.

Написот на Расбриџер доаѓа во момент кога британските власти се подложени на критики за приведувањето во рок од девет часа на Дејвид Миранд, партнер на новинарот од „Гардијан“ Глен Гринвалд, кој работел со Сноуден за откривање на програмите за електронско следење на Агенцијата за национална безбедност (АНС).

Би можело да ве интересира

Норвешка презеде одговорност: Ние прислушкувавме, не НСА

Емир Латифовиќ

Сноуден мора да ги исполни условите на Путин

Емир Латифовиќ

Пратеници од Швајцарија сакаат информации од Сноуден

Емир Латифовиќ

Гринвалд: Германија да го заштити Сноуден

Емир Латифовиќ

Таткото на Сноуден стапи во директен контакт со него

Емир Латифовиќ