(ВИДЕО) Условни казни за сите кои признаа вина, а учествуваа во инцидентите пред Собранието

Од:

Условни казни добија обвинетите Младен Ристовски, Иван Јосифовски, Славчо Симоновски, Бојан Стефановски, Никола Михаиловски, Виктор Стојков и Штефан Шуман за учество во толпа, поради настаните пред Собранието каде имаше инциденти. Судијката во едно рочиште ги ислуша и ја изрече пресудата. Таа им посочи дека казната не е блага и опасноста од вакви дела е голема.

„Обвинетите се огласуваат за виновни за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело. За што им изрекува алтернативна мерка, условна осуда. На сите обвинети им одредува казна затвор од две години, и определува дека нема да се изврши ако обвинетите во наредните четири години не сторат ново кривично дело“, кажа судијката Славица Андреевска.

Судијката додаде: „Секој мора да одговара за тоа што го направил“.

Сите адвокати на седумте обвинети кои признаа вина за инцидентите пред Собранието, побараа поблаги казни и условни осуди. Според нив, со ваква пресуда ќе се превенира тие во иднина да не прават други кривични дела. Потенцираа дека станува збор за млади лица, најголем дел на 18 и 19 години.

Сите седум обвинети признаа вина, а од судницата излегоа насмеани.

Би можело да ве интересира

Се бараат условни осуди и поблаги казни за сите обвинети кои признаа вина за нередите пред Собрание

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Седуммина признаа вина за инцидентите пред Собрание, тројца од нив имат по 18 години

Кристијан Ландов