Бугарија од понеделник ги враќа заштитните маски против Ковид-19

Од:

Од понеделник Бугарија го враќа носењето заштитни маски против Ковид-19, изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Кунчев, Бугарија се соочува со нов бран на Ковид-19 и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, работите се менуваат толку брзо и толку неочекувано што мора да бидеме подготвени за секоја ситуација.

Тој ќе предложи нов пандемичен план за здравствените власти да преземат безбедносни мерки. Меѓу нив се носењето маски, ограничувањето на собири и собирање на многу луѓе на едно место. Од понеделник со новите мерки кои се очекува да стапат во сила од понеделник.

Тој беше дециден дека никој нема да ја пропадне туристичката сезона или економијата во оваа комплицирана ситуација, но сепак, кога ќе се носат одлуки, вклучително и од Националниот фонд за здравствено осигурување на Бугарија, мора да размислуваме за здравјето на луѓето, потоа – за заштеда на пари, категоричен беше Кунчев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рекордни 12.399 новозаразени и 73 смртни случаи за изминатите 24 часа во Бугарија

Бугарскиот премиер е во изолација

Постои опасност Бугарија да стане Ковид-гето предупредува бугарски виролог

Зелените сертификати ги натераа Бугарите на вакцинација

Доколку мерките против Ковид-19 не функционираат, за 10-15 дена ќе има локдаун во Бугарија

Хакерски напад на системот за издавање зелени сертификати во Бугарија