Фронтменот на Guns N ‘Roses повеќе не личи на себе

Од:

Фронтменот на Guns N ‘Roses, Axl Rose беше една од најголемите ѕвезди на 80-тите и секс симбол по кој воздивнуваа жените ширум светот, но денес, речиси три децении подоцна, тој изгледа целосно непрепознатливо.

Неодамна тој настапи на фестивал во Калифорнија со пејачката Carrie Underwood, а заедно ги пееја хитовите Sweet Child O’Mine, Paradise City и Welcome To The Jungle.

На Инстаграм профилот на бендот беше споделена фотографија на која Ексл и Кери позираат заедно, а многу фанови беа изненадени од изгледот на пејачот.

Странските медиуми претходно пишуваа дека наводно бил на трансплантација на коса и третман со ботокс и затегнување на лицето. Музичарот тоа никогаш не го призна јавно. Од сите работи, Axl потврди само корекција на носот.

Не требаше да го чешка лицето“, напиша еден коментатор.

„Тој повеќе не личи на себе“, се согласија другите.

Би можело да ве интересира

Фронтменот на Guns N’ Roses обвинет за сексуален напад