ВМРО-НП: ДПМНЕ и ДУИ да донесат закон и за бранителите и за припадниците на ОНА во 2001

Од:

ВМРО-НП апелира ВМРО – ДПМНЕ веднаш да го повлече едностраниот Закон за бранители и да седне со коалицискиот партнер ДУИ за да предложат заеднички закон во кои ќе бидат гарантирани правата и на бранителите и на припадниците на ОНА, учесници во воениот конфликт од 2001 година, што според партијата, ќе придонесе за историско помирување на Македонците и Албанците и понатамошно заедничко живеење.

ВМРО-НП e зачуденa од повеќедневното нереагирање на ВМРО-ДПМНЕ окoлу оддавањето почит на загинатите борци од конфликтот од 2001 година во меморијалниот центар во село Слупчане од висока владина делегација составена од министри од ДУИ, a предводена од потпретседателот на Владата на Македонија Муса Џафери.

Партијата прашува што се случи за само една година за ВМРО-ДПМНЕ да не даде никаков коментар?

„Дали ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ многу лесно се прилагодува на новонастанатите ситуации во Македонија кои се предизвикани од активностите на ДУИ и со молчење ги прифаќа како нормални, односно „си легнува на брашното“? Каде исчезна длабоката загриженост и светата должност на „најмакедонската партија“ за одбрана на достоинството на македонскиот народ за кој упорно тврдеа дека е нивна возвишена цел и какви повозвишени цели се појавија годинава па го избраа молчењето како најсоодветно?“, прашуваат од ВМРО-НП и го повикуваат ВМРО-ДПМНЕ под итно да престане со досегашниот начин на бранење на достоинството на македонскиот народ, затоа што со нивните постапки прави поголема штета.

Партијата потсетува дека минатата година ВМРО-ДПМНЕ на ист ваков чин одговори со жестока реакција преку партиски и владини соопштенија дури и со закани за кривична одговорност од страна на претседателот.

„Во сите нивни осуди на оваа постапка преовладуваше ставот на партијата дека со овој чин грубо е нарушено достоинството на македонскиот народ и дека ВМРО-ДПМНЕ е историски предодредена по секоја цена да го брани. Дури и како одговор експресно предложија Закон за бранители и тоа по итна постапка, а и со низа други несоодветни реакции ги испровоцираа и нивните коалициски партнери и сериозно ги повредија чувствата на Албанците со што ги доведоа меѓуетничките односи на работ на сериозен конфликт“, пишува во соопштението од ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Парламентарните избори да се одржат заедно со локалните

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Ако не се прочисти Избирачкиот список да нема избори

Емир Латифовиќ