Кој ќе ги добие 6.000-те илјади хектари од агрокомбинатот Џумајлија?
А1 дознава од вработените од „Џумајлија“, кои се плашат да дадат изјава пред камера, дека во игра се млекарата „Здравје Радово“, или турски „Суташ“, кој ја купи „СВЕД МИЛК“.
Пред еден месец, на седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик министерот Зоран Коњановски најави дека тендерот ќе биде меѓународен, што значи дека „Суташ“ е фаворитет кој ќе ги добие овие површини.
Вработените од Џумајлија велат дека бараат да добијат по 10 хектари под концесија, бараат само 400 хектари од тие 6.000, за да си обезбедат егзистенција. И додаваат, она што е најважно, 40 лица така ќе добијат вработување.