„Фротекс“ е нов газда на детското одморалиште на Голак

Од:

Делчевската компанија „Фротекс“ стана нов сопственик на старата зграда на Детското одморалиште на планината Голак по уплатата на 35 илјади евра на сметката на Министерството за труд и социјална политика, јави МИА.

Според изјавите на новите сопственици, старото детско одморалиште што се наоѓа во близина на манастрирот „Св.Панталејмон“, ќе биде реновирано и наскоро ќе се вклучи во туристичката понуда.

Објектот зафаќа 582 метри квадратнии корисна површина, има сопствен ресторан и е лоциран сред густа борова шума на околу 1.300 метри надморска височина.

Веднаш до овој се наоѓа уште еден, трипати поголем објект, ново детско одморалиште, изградено од некогашната СИЗ за детска заштита, но бидејќи за него нема легална документација неколкуте тендери за продажба пропаднаа.

Би можело да ве интересира

Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Емир Латифовиќ

Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост

Емир Латифовиќ

Реакција на МТСП на обвинувањата на Сојузот на слепи

Емир Латифовиќ

Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Емир Латифовиќ

Министерката Ременски и деканот на Филозофскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка

Емир Латифовиќ

Среда неработен ден

Емир Латифовиќ