Заборавете на излети, скари и пијанки за 1 Мај, Здравствен дом Скопје повикува на штрајк за достоинствена плата

Од:

Јавната здравствена установа „Здравствен дом Скопје“ најавува протест за достоинствена плата на 1 Мај. Синдикалната организација на ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ , Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална работа и Сојузот на синдикати на Македонија го повикаа членството на 1 Мај да излезе на протест.

„Повик до сите колеги и колешки од сите останати здравствени установи да ни се придружат на големиот синдикален протест за исполнување на барањата поднесени од ССМ и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална работа до надлежното Министерство. Овој пат заборавете на излети и скари, имаме побитни работи за решавање на нашата егзистенција. Немојте за еден ден да ги ризикувате останатите денови и можности за покачување на платите кои се енормно ниски поради големите поскапувања. Размислете убаво дали треба да излеземе сите заедно компактни и сплотени и да се избориме за нашите права или ќе одите по излети, на скари и пијанки“, стои во повикот.

Синдикатите повикуваат на компактност, единственост и лично присуство за остварување на барањата наместо да се чека некој друг да ја заврши работата за потоа да се негодува и да се демонстрира незадоволство.
Протестот ќе се одржи в недела на 1 Мај. Собирот ќе биде во 12.00 часот пред Сојузот на синдикати на Македонија проти големиот паркинг кај Градскиот трговски центар.

Сојузот на синдикати на Македонија пред три дена ги повика на протест на 1 Мај, Денот на трудот, сите работници за усогласување на платите со минималната плата.

Би можело да ве интересира

Директорите на Здравствен дом Скопје се откажаа од платата – ќе ја донираат за итната помош

А1он