Битката за главниот град на Украина Киев може да биде новиот руски Сталинград, изјави украински пратеник за Би-Би-Си.
Свјатослав Јурак, најмладиот украински пратеник и поранешен советник на претседателот Зеленски, помага во волонтерската одбрана во Киев. Тој рече дека главниот град се соочил со силно ракетирање во текот на ноќта, а битките на периферијата на градот се уште траат.
Но, тој предупредува дека Русија треба да се подготви за големи загуби доколку го нападне градот.
„Тоа е огромен, милионски град и ако Русите се обидат да влезат, ќе имаат голема борба – ова ќе биде нивниот Сталинград“, рече тој, мислејќи на најкрвавата битка во Втората светска војна во која загинаа 1,1 милион советски војници и 800.000 нацисти, германски и романски војници.
„Никој нема да се предаде – дефинитивно можам да го гарантирам тоа“, вели тој.
Јурак додава дека ја координирал испораката на залихи, вклучително и вреќи со песок, како и дека разговарал со различни воени единици за „ефикасно“ да ја води претстојната битка.