Женската ватерполо репрезентација на Шпанија е нов светски првак, откако синоќа во натпревар за златниот медал ја победи селекцијата на Австралија со 8:6 (2:1; 3:2; 1:1 и 2:2).
Шпанките со овој успех станаа првата репрезентација која како домаќин го освојува шампионскиот трофеј.
На претходните светски шампионати, Шпанија најдобар пласман имаше на 7.место 2007 година.
Австралија остана со еден златен медал освоен на првото СП за жени 1986 година.
Малото финале и бронзените медали им припаднаа на Унгарките кои ја победија Русија со 10:8.
Денеска се играат завршните средби и на машкиот дел од турнир.
Финалето Црна Гора – Унгарија е закажано за 22 часот и 15 минути, а борбата за третото место меѓу Хрватска и Италија е во 16 часот и 30 минути