Сателтиски снимки од рускиот конвој долг 60 километри кој се движи кон Киев

Од:

Руски конвој долг повеќе од 60 километри е снимен со сателит, јавија американски медиуми.

„Драматични сателитски снимки објавени синоќа од Максар Технолоџис (Maxar Technologies) покажуваат огромна колона руски воени возила долга повеќе од 60 километри како се движи по патиштата северозападно од Киев“, јави Си-Ен-Ен.

Претходно се мислеше дека конвојот е долг 27 километри.

Според американските медиуми, забележани се и нови руски сили во Белорусија, долж границата со Украина, како и напаѓачки хеликоптери кои исто така биле снимени во областа.

Акумулацијата на сили во Белорусија повторно укажува на истото – голем напад врз Киев, сметаат аналитичарите.

Во текот на ноќта имаше големи битки и во други делови на Украина.

Некои медиуми информираат дека 70 украински војници загинале во напад на воената база на половина пат меѓу Киев и Харков.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија