„Џенерал моторс“ го рестартира производството на Болт

Од:

„Џенерал моторс“ наскоро го рестартира производствот на електричниот модел на Шевролет Болт, по неколку месечна пауза за поправка на дефект на батериите и опасност од пожари, објави денеска Волстрит журнал.

ЏМ соопшти дека производството на Болт ќе се растартира на почетокот на април, скоро после тоа дилерите треба да ги добијат првите коли за продажба.

Авто произвдителот од Детроит запре со правењето на Болт и со поголемата, теренска, верзија на овој автомобил наелектричен погон летоска, за да го реши проблемот откако во десеттина коли имаше пожар од батериите.

Електричниот Болт се продава за поприфатлива базична цена од 31.500 долари, отколку другите понуди на пазараот на нови коли во САД, како оние на Тесла или Форд, кои чинат многу повеќе.

ЏМ како и останатите американски прозводители на коли како Форд и Крајслер во своите стратегии за развој воведија планови за понуда на повеќе електрични модели, а во правец на запирање на климатските промени и регулативите за нула издувни гасови. Многу од нив најавуваат барам половина од својата понуда до 2030 година да биде составена од коли на електричен погон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поради недостиг од чипови „Џенерал Моторс“ затвора привремено осум од 15 фабрики

Ана Ололовска