Четири нордиски држави ги укинуваат сите мерки

Од:

Четири нордиски држави, Данска, Норвешка, Финска и Шведска одат кон ублажување и кон укинување на епидемиолошките мерки. Најверојатно, најдоцна до 1.март на северот на Европа нема да има никакви пандемиски ограничувања.

Кај четирите нации, пандемијата и натаму трае, уште се умира од Ковид-19, а бројот на заразени е голем.

Шведска

Премиерката на Шведска Магдалена Андерсон најави дека благите рестрикции ќе бидат укинати на 9. февруари. Таа вели дека пандемијата не е завршена, но дека со сојот омикрон влезе во потполно нова фаза кој овозможува враќање кон нормалното секојдневие.

„Подоброт разбирање на сојот омикрон, стабилната состојба во здравствениот систем и големиот раст на стапката на вакцинираност значат дека можеме повторно да живееме како порано. Бројот на паценти кои се на интензивно лекување е стабилен иако имаме огромно ширење на заразата“ – рече Андерсон.

Данска

Шведска со ова тргнува па патот на Данска која уште на 1. февруари, прва во Европската Унија ги укна сите мерки. Изгледа парадоксално, но токму Данска во последните 14 дена има најголема инциденца на зараза во Европа (10.461 на 100.000 жители), но смртноста од ковид е ниска, а болничкиот систем не е преоптоварен со пациенти од Ковид-19.

Покрај тоа, Данска има висок степен на вакцинираност како впрочем и целиот нордиски регион. Речиси 82 проценти од данската популација има примено две дози вакцина против Ковид-19, преку 60 посто од населението е вакцинирано со три дози. Во ваква ситуација, без мерки и со висок степен на вакцинација, омикрон има голем простор за ширење, но не пречи во функционирањето на општеството. Затоа ниту Данска, ниту нејзините норидски соседи немаат намера да воведуваат задолжителна вакцинација како што направи Австрија.

Новрешка

Норвешка нема одредено рок за укинување на сите епидемиолошки мерки, но од почетокот на месецов продолжи со ублажување на рестрикциите. Карантинот е скратен од шест на четири дена, укинато е тестирањето за влез во земјата, нема никакви ограничувања на јавните собири.

„Ќе мора да живееме со висок степен на заразеност. Мора да прифатиме дека најголемиот дел од нас ќе се заразат во текот на оваа година, треба да се осигураме дека нема да се заразат премногу луќе во исто време“ – рече норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе предупредувајќи дека пандемијата не е завршена ниту во Норвешка ниту во светот.

Финска

Финската премиерка Сана Марин смета дека нејзината земја заостанува во развојот на епидемијата во однос на соседите за две седмици па затоа најави дека рестрикциите ќе почнат да попучтаат од 14. февруари, а комплетно ќе бидат укината од 1.март.

„Се согласивме дека средината февруари е рок за попуштање на ограничувањата. Тоа ни дава време да ја следиме состојбата во Данска и во Норвешка откако овие земји ќе се отворат“ – рече Марин.

Иако нордиските земји имаат силни здравствени системи и можат да се пофалат со долг животен век и солидно општо здравје на популацијата од предпандемискиот период, сепак она што овозможува враќање во нормалноста во среде бран на омикрон е високата стапка на вакцинација против Ковид-19.

Процентот на вакцинираност се движи од 73 посто во Норвешка до речиси 82 посто ов Данска, а во сите четири нации најмалку половина од возрасното население има примено и трета доза. Вакцините се особено добро прифатени кај повозрасната популација, па така ов Шведска дури 75 проценти од лицата над 75 години имаат примено и трета доза вакцина.

Би можело да ве интересира

Данска планира да ги укине сите ковид-мерки до февруари

Норвешка забрани служење алкохол во баровите и рестораните поради сојот Омикрон

Данска ги заострува рестриктивните анти-ковид мерки

Тепачки, повредени и приведени во Норвешка на прославите за укинувањето на ковид мерките

Данска укинува дел од рестриктивните мерки

Катерина Ѓуровски

Финска преговара со Русија за вакцината Спутник В