Во пожар во сиромашен кварт во северниот чилеански град Икике уништени се најмалку 100 куќи, а околу 400 лица се остави без покрив над главата.
Пожарникарите имале големи проблеми во снабдувањето со вода на своите камиони при гаснењето на пожарот, пишува Телеграф.
Пожарот бил изгаснат доцна синоќа.
Националното биро за вонредни состојби соопшти дека пожарникарите првично имале проблеми бидејќи водоснабдувањето во областа било прекинато, но подоцна се поврзале со камиони кои носеле вода.
Пожарникарите имале тешкотии во гаснењето и поради тесните улички кои на повеќе места ги спречувале да стигнат со нивните противпожарни возила, па пожарот тргнале да го изгаснат пешки.
Засега не се знае причината која го предизвикала пожарот.
Локалните власти соопштија дека засега нема извештаи за повредени во пожарот.