Груевски: Презентациите за привлекување странски инвестиции даваат резултат

Од:

Економските презентации што ги прави Владата за привлекување странски инвестиции се исправен чекор, од кој резултатите доаѓаат и ќе доаѓаат и понатаму не само како инвестиција туку и во намалување на стапката на невработеност.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието на Република Македонија.

– Резултатите од ваквите презентации доаѓаат најрано за година, година и пол, а во многу случаи за две, три, четири и пет години. Уверен сум дека она што сега го правиме ќе даде одреден резулат во наредниот период, а самите презентации се само една од фазите на обид за привлекување инвеститори.

– Ние подоцна остануваме во контакт со нив и со сите средства, начини, инструменти се обидуваме да убедиме некој да дојде да инвестира во Македонија и тоа дава резултати, а тоа се гледа и од многу компаниии што дојдоа во овој период во Македонија и направија огромни инвестиции како што се Џонсон мети, кои изградија една фабрика и задоволни од условите веќе градат втора фабрика, Џонсон контрол кој, исто така, гради втора фабрика, потоа Ван хул, Дракслермаер, Кромберт и Шуберт, рече премиерот и додаде дека голем дел од инвеститорите посочувале дека токмува ваквиот пристап им бил клучен момент за да донесат одлука да инвестираат во Македонија.

Потенцира дека компарациите колку се потрошило за таквите презентации, а колку инвестиции влегле се обична политичка манипулација и истакна дека само една реализирана инвестиција ги исплаќа сите напори на Владата што ги прави за привлекување странски инвестиции, и тоа не само во износот на инвестицијата туку гледајќи преку бројот на вработените во тие капацитети.

Оцени дека вклучувањето на сите институции за привлекување инвестиции е добро организирана акција во едно тешко време на европска должничка криза и намалено ниво на инвестиции.

– Седењето во земјата и чекањето тие сами да дојдат воопшто не е алтернатива. И тоа го видовме во време кога СДСМ беше на власт и ги видовиме и резултатите во тоа време, а резултатите кажуваат дека немаше некоја позначајна инвестиција освен ако не гледаме приграбување на некој монопол.

– Така што само на ваков начин со пораки, презентирање на она што го нуди Македонија и директно на терен со одење на роуд шоута и користејќи ги меѓународните медиуми една мала држава како Македонија може да го најде своето место под сонцето во смисла на привлекување на повеќе инвестиции, истакна премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ