Организацијата за демократска реакција и асоција на здруженија-ОДРАЗ, Бургијашите и група интелектуалци и граѓански активисти организираат мирен протест пред вратите на истражниот затвор во Шутка, Скопје во петок на 26.07.2013 година, со почеток во 11:00 часот.
Да се собереме во поголем број и да му дадеме подршка на Томислав Кежаровски и неговите најблиски и да им кажеме дека не се сами.
Да им докажеме дека во нашата држава сеуште постои солидарноста и единството,да покажеме револт на монтираните судски процеси и уништувањето на правосудните органи во нашата држава.
Да се избориме како граѓани за граѓанинот Кежаровски и да им упатиме порака на надлежните институции дека повеќе нема да прмолчуваме неправда нанесена од нивна страна.