Кобајаши победи и на третата од четирите скокалници на „Новогодишната турнеја“

Од:

Јапонецот Рјоју Кобајаши ја забележа третата победа во третиот настап од „Новогодишната турнеја четири скокалници“.Тој попладнево победи на скокалницата во Бишесхофен.

Кобајаши до триумфот стигна со скокови од 137 и 137,5 метри и вкупно 291.3 поени.
Второто место го освои Норвежанецот Мариус Линдвик со скокови од 137,5 и 135,5 метри и вкупно 286,6 бода.. Трет беше Егнер Гранеруд исто така од Норвешка со два скока од по 135,5 метри и 282,4 метри.

Во пласманот на турнејата Кобајаши е прв со 593,2 бода, пред Линдвик со 580 и Гранеруд со 575,5 бодови.

Турнејата ќе заврши утре со уште еден натпревар во Бишофсхофен.

Би можело да ве интересира

Кобајаши победник на новогодишната турнеја Четири скокалници

А1он

Трета победа за Кобајаши, славеше и во Инсбрук

Наум Локоски