Фестивалот на пивото во Прилеп е идентитетски и културен срам за Република Македонија.
Пиво фест е претворен во најголем кич, шунд, со панаѓурско драгачевска атмосфера, а на јавноста ѝ се претставува како врвен културен настан, реагираат од ВМРО Народна партија
„ВМРО Народна партија со жалење констатира дека оваа манифестација се претвори во основна институција за рушење на македонската песна, фолклорна традиција и култура. Пиво фест е вистинска замена за подзаборавените организирани настани за југословенизирање на граѓаните во Република Македонија од типот на Знање имање. По ваквото кршење на македонскиот идентитет, по кој знае кој пат, пред и после одржувањето на пиво фест, крајно загрижени го прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, за каков патриотизам ни зборува таа партија? За какви бранители на македонскиот идентитет се претставуваат тие, кои насилно ни наметнуваат тотална југословенизација на културниот простор? На крајот, не можеме а да не го искажеме својот револт од личното ниво на партијата на власт која ни ги наметнува со сила овие турбофолк циркузантски играрии“, се вели во реакцијата на ВМРО НП.