БК Вардар со прва победа во Регионалната лига, Железничар совладан во Скопје

Од:

Вардар го победи Железничар од Босна и Херцегоина во 4. коло од Регионалната лига во бокс, во групата А. Во Скопје вчера црвено-црните победија со 14:6.

За македонскиот претставник ова беше прва победа во лигата со која останува во игра за пласман во полуфинале. Боксерите на Вардар победија на седум борби.

Во младинска конкуренција остварени се две службени победи, противникот немаше свои боксери во категориите 56 кг. и +91 кг.

Во сениорска конкуренција победи остварија Бериша Јетон, Јасин Љама, Бајоку Шпетим, Лео Јовановски и Арсим Етемеи. Порази запишаа, Оран Шакировски, Ерлаб Бериша и Арианит Пачаризи.

Вардар на табелата е трет во групата А со 2 бода, прва е Лозница со 8, Железничар е втор со 4 бода.

Следенно за БК Вардар е мечот со Лозница во февруари следната година на гости.

Би можело да ве интересира

Петар Арсовски го победи Велис Антонио Ремус од Грција и обезбеди бронзен медал на Европското младинско првенство

Ана Ололовска

Авдил Салиху е избран за Менаџер и Мечмејкер за 2021

Ана Ололовска

Боксери од 14 држави доаѓаат на јубилејниот 50. Златен гонг

Ана Ололовска

Државан првак по само три месеци активно работа со бокс

Ана Ололовска

Вардар поразен на отворањето на Регионалната боксерка лига

Ана Ололовска

Формирана Регионална лига во бокс, Вардар во А-Групата

Ана Ололовска