Канатларовски повика 25 фудбалери од 2002-2003 за два контролни меча против Косово

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски, заедно со стручниот штаб во младата селекција испратија покана до 25 фудбалери од генерацијата 2002/2003 кои ќе бидат во комбинација за настап на два контролни натпревари против Косово на 16-ти и 18-ти декември во Скопје.

– Наша цел е преку ваков тип подготовки и контролни натпревари да им дадеме шанса на фудбалерите од генерацијата 2002/2003 да го покажат својот потенцијал и да нè уверат дека имаат квалитет за настап во селекцијата до 21 година. Во суштина, ова е селекција до 20 години, многу значајна за нас бидејќи досега постојано се соочуваме со проблем откако една генерација ќе ја надмине возрасната граница. Тренинг кампот, секако ќе биде од корист за нас, да видиме со што располагаме и се надевам дека сите ќе бидеме на посакувано ниво и ќе ја оствариме целта. Најбитно за нас е да потврдиме дека во оваа група на фудбалери има квалитет и може да биде цврста основа за следните квалификациски предизвици, вели Канатларовски.

Како што информираат од Фудбалската федерација на Македонија, за двете пресметки против Косово, селекторот Канатларовски ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Беласица), Александар Анѓелкоски (Гостивар).

Одбрана: Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Анатолиј Петејчук (Победа), Аган Мјаку (Гронинген, Холандија), Кристијан Тасевски (Аузбург, Германија), Уран Незировски (Хартберг, Австрија), Горазд Стојменов (Словачко, Чешка), Имран Фетаи (Гостивар), Виктор Крстевски (Пелистер), Андреј Стојчески (Академија Пандев), Решат Рамадани (Шкендија).

Среден ред: Иван Николов (Вардар), Димитар Тодоровски (Работнички), Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Кристијан Георгиевски (МТК, Унгарија), Лука Станковски (Работнички), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска), Леонит Игњатов (Скопје), Ване Крстевски (Академија Пандев).

Напад: Луан Абази (Вил, Швајцарија), Кристијан Малески (Струга Трим Љум), Филип Трпчевски (Хакен, Шведска).

Натпреварите против Косово на 16-ти и 18-ти декември се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Франција е голем фаворит во групата, со нетрпение го очекуваме утрешниот меч

А1он

У21: Канатларовски избра 23 фудбалери за дуелите со Украина и Франција

Канатларовски без услугите на Тодоровски и Рустемоски за дуелот со Франција

А1он

Канатларовски: Со максимално залагање до позитивен резултат против Франција и Србија

А1он

Канатларовски го објави списокот со фудбалери за квалификациските натпревари со Франција и Србија

Катерина Ѓуровски