Одложена посетата на косовскиот заменик-министер за правда на Скопје

Од:

Посетата на косовскиот заменик министер за правда на Блерим Салаху на Скопје е одложена, потврдија од Министерството за правда во Скопје.

Салаху требаше да го посети затворот „Идризово“ и да оствари средба со раководството на установата.

Вчера заменик-министерот за правда Агим Нухиу потврди дека денеска ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но демантираше дека е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, меѓу другите точки за влез на Алтернатива во Владата, договорија и меѓународен мониторинг на случаите „Диво насеље“, „Монструм“, „Алфа“, „Алмир Алиу“.

Би можело да ве интересира

Македонија и Косово ќе потпишат меморандум за соработка во енергетиката

Прв косовско-македонски безбедносен форум во Приштина за регионалната соработка и реформите

Наум Локоски