Претреси има кај повеќе лица поврзани со ЕВН во Скопје и Делчево, не само кај таткото на пратеникот

Од:

Управата за финансиска полиција соопшти дека дека претресот не е извршен во домот на пратеникот Јован Јаулески, ниту, пак, кај некој друг претставник на политичка партија, туку се однесува на вработени ЕВН Електрани Mакедонија ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје и бара Управата да не се злоупотребува за политички цели.

– Целосно ги демантираме и отфрламе изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома, ниту пак кај некој друг претставник на политичка партија. Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ЕВН Електрани Mакедонија ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје, истакнуваат од Управата во пишано соопштение до медиумите.

Нагласуваат дека Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје врши проверки во рамки на предистражна постапка, а по претходно добиени сознанија за извршени сомнителните трансакции на парични средства помеѓу ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје и повеќе физички лица.

-Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН Електрани ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела, соопшти Управата за финансиска полиција.

Би можело да ве интересира

Управата за финансиска полиција врши проверки за случајот со обид за измама со поврат на ДДВ од нафтени компании

Финасиска полиција со постпака против петмина кои злоупотребиле пари на Европската заедница

Финансиската полиција в понеделник влегува во Град Скопје

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пратеникот Јаулески не живее во станот каде се вршел претрес од Финансиска полиција

Катерина Ѓуровски

Во домот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јаулески утрово влегла финансиска полиција

Катерина Ѓуровски

Финасиска полиција: Кривична пријава за поранешна членка на Управниот одбор на МЕПСО

Катерина Ѓуровски