Барди во „тимот на колото“ во Ла Лига

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди се најде во идеалниот тим на колото во шпанската Ла Лига, откако вчера го предводеше својот Леванте до бод на домашен терен против актуелниот шампион Атлетико Мадрид.

Барди беше двоен стрелец во ремито од 2-2, биејќи прецизно од белата точка во 37. и 90. минута.

За македонскиот репрезентативец ова беа првите голови во новата сезона во која поради повреда пропушти шест прволигашки натпревари.

По 11 одиграни кола, Леванте е претпоследен на табелата со шест нерешени и пет порази пред следниот натпревар в понеделник против Гранада на домашен терен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Македонија води на полувреме: Барди „од втора“ го надмудри Пикфорд

Барди во јануари ќе го напушти Трабзон

Адеми и Ристовски со Динамо Загреб и Барди со Трабзонспор, во „лов“ на Лигата на шампионите

Трајковски, Барди и селекторот Милевски добија дипломатски пасоши

Катерина Ѓуровски

Барди: Најважно е да го дадеме максимумот

А1он

Барди наскоро ќе се приклучи на репрезентацијата