Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со биланс три победи и пет порази го освои седмото место на Европското првенство за кошаркарки до 20 години во Албена.
На денешниот натпревар од последното коло Македонија загуби од Белгија со 79:52 (18:7; 23:8; 20:18 и 18:19).
Со оваа победа Белгија го освои првото место на овој шампионат со максимални осум победи.
Најефикасна на натпреварот беше Жули Ванло со 21 поен, додека кај Македонија најпрецизна беше Анжелика Митрашиновиќ со 16 поени, а Александра Стојановска имаше 9 поени и 8 скокови.
На првиот натпревар одигран денеска Израел – Романија 67:59, а подоцна играат: Велика Британија – Португалија и Летонија – Бугарија.