Ашаданов го објави поширокиот список за евро-квалификациите

Од:

Селекторот на македонската репрезентација, Александар Ашаданов, денес го објави списокот на кошаркарки на кои планира за квалификациите за Еврoбаскетот во 2023 година.

Ашанов упати повик до: Анџелика Митрашиновиќ, Илина Селцова, Девана Бонер, Тијана Митрева, Марија Димитријевиќ, Матеа Николиќ, Габриела Модева, Ивона Кожобашиовска, Емилија Лазарова, Александра Стојановска, Нена Трајчевска, Цветанка Димова, Ивона Пејковска, Јована Петрушевска, Кате Поп-Димитрова, Драгана Петковска, Михаела Алексовска, Ива Чолаковска, Ивана Кметовска, Марија Митева, Мартина Блажевска, Снежана Серафимова, Елена Тасевска и Наталија Секуловска.

Во ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА, македонските кошаркарки ќе играат со Германија и со Босна и Херцеговина.

Првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Словенија и во Израел, нашиот најдобар женски национален тим ќе го игра на 11 ноември, во Хале, место блиску до Лајпциг (Германија).

Мечот со БиХ е закажан за 14 ноември, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска