Фудбалерите на бундеслигашот Херта Берлин, кои не се вакцинирани против коронавирус, самите ќе мораат во иднина да ги плаќаат ПЦР тестовите.
Според важечките правила во германското првенство, фудбалерите мораат да се тестираат на коронавирус два пати неделно.
Во Херта таквите тестирања во последното време се бројни поради значителен број на заразени и заболени фудбалери од минатата сезона.
ПЦР тестирање во Германија чини околу 70 евра, а портпаролката на Херта потврди дека фудбалерите на овој клуб од Берлин ќе мораат самите да ги плаќаат тестовите.
Членот на извршниот одбор на клубот и поранешен фудбалер Фреди Бобич изјави за локалните медиуми дека околу 90 отсто од нивните фудбалери се вакцинирани.