Светска трговска организација: Зголемени прогнозите за раст на глобалната трговија со стоки

Од:

Светската трговска организација (СТО) ги зголеми прогнозите за раст на глобалната трговија со стоки за оваа и следната година, но предупреди за нерамномерно закрепнување и негативни ризици поради пандемијата на Ковид-19 и проблеми во синџирот на снабдување.

Како што соопшти глобалниот трговски регулатор, по падот од 5,3 проценти во 2020 година, се очекува раст на трговијата за 10,8 отсто оваа година. Во март годинава, СТО предвиде раст за тековната година од осум проценти.

Според нив, растот на глобалната трговија ќе забави до 4,7 проценти во 2022 година.

Сепак, таа стапка е над проектираниот раст од четири проценти од претходната прогноза на Светската трговска организација, што значи дека светската трговија се приближува кон долгорочниот тренд пред пандемијата.

Би можело да ве интересира

Светската трговска организација ја намали прогнозата за раст на светската трговија за 2022 година

А1он

СТО избира наследник на генералниот директор Роберто Азеведо

А1он

ЕУ ја јакне заштитата на трговијата по спорот со САД во Светската трговска организација

Таџикистан стана член на Светската трговска организација

Ана Ололовска