Во поплавите во Јужен Судан настрадаа најмалку 20 лица

Од:

Најмалку 20 лица настрадале во поплавите во последните неколку месеци во Јужен Судан, предизвикани од силниот дожд, што и натаму го погаѓа најоддалечениот дел од земјата.

Најголемиот број од лицата настрадале во периодот меѓу јули и септември во округ на државата Варап, изјави Виктор Век Кур, комесар на округот Гориал Вест.

-Меѓу жртвите има и деца кои се удавиле кога им се урнала куќата натопена со вода, рече Век Кур.

Од јули наваму многу делови од Јужен Судан се погодени од поплави, а некои области и во моментов се под вода.

Меѓу најзагрозерните се државите Јунити и Џонглеј.

-Дури и резиденцијата на претседателот Салва Кира, во северозападната држава Варап, е поплавена, изјави министерот за информации Мајкл Макуеи.

Поради поплавите ширум земјата група со која претседаваше првиот потпретседател, Риек Макар, минатата недела прогласи вонредна состојба.

Би можело да ве интересира

Во Јужен Судан уапсени шест новинари поради снимка на кој се гледа дека претседателот Мајардир се помокрил

Ана Ололовска

ЕУ и ОН бараат итен прекин на насилството во Јужен Судан

Ана Ололовска

Најмалку 57 загинати во етнички конфликти во источниот дел на Јужен Судан

Ана Ололовска

ОН: На осум милиони луѓе во Јужен Судан им се заканува глад

Ана Ололовска

ОН: Повеќе од 70 луѓе загинаа во насилства во Јужен Судан

А1он

Мистериозна болест во Јужен Судан одзеде 89 животи

А1он