Трета победа за младите македонски кошаркарки на ЕП – Б дивизија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево на младинското Европското првенство – Б дивизија ја победи домашната селекција на Бугарија со 64:60 (13:18; 18:14; 12:18 и 21:10).

Ова беше трета победа за Македонија У-20 со што ги задржа шансите за пласман на едно од првите три места кои обезбедуваат учество во повисок ранг натпреварување.

За разлика од дуелот против фаворитот Португалија кој македонските кошаркарки го загубија во последниот период, овој пат последната четвртина беше среќна за избраничките на селекторот Александар Домлевски.

На другите досега завршени натпревари постигнати се следниве резултати: Португалија – Чешка 51:58 и Израел – Белгија 39:61.

Вечерва играат Романија – Летонија.

Табела:
1. Белгија 5-0 (победи-порази),
2. Чешка 5-1,
3. Португалија 4-1,
4. Македонија 3-2,
5. Летонија 2-2,
6. Бугарија 3-3,
7. Израел 1-5,
8. Романија 0-4
9. Велика Британија 0-5.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска