Македонија против домаќинот Бугарија на младинското кошаркарско ЕП

Од:

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија составена од играчи до 20 години која настапува на Европското првенство – Б дивизија денеска од 17 часот и 15 минути ќе игра против домашната селекција на  Бугарија.

Нашите кошаркарки во досегашниот тек на првенството имаат по две победи и два пораза, додека Бугарките имаат три победи и две изгубени средби.

Со евентуална победа Македонија ќе остане со шанси за освојување на едно од првите три места кои водат ранг повисоко, во спротивно шансите ќе бидат сведени на теорија.

На другите три натпревари од денешната програма се среќаваат: Португалија – Чешка, Израел – Белгија и Романија – Летонија.

Табела:
1. Белгија 4-0 (победи-порази),
2. Португалија 4-0,
3. Чешка 4-1,
4. Бугарија 3-2,
5. Летонија 2-2,
6. Македонија 2-2,
7. Израел 1-4,
8. Романија 0-4
9. Велика Британија 0-5.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска