Канадскиот премер Џастин Трудо беше погоден со камен од демонстрантите против задолжителната вакцинација при посета на фабрика во тек на изборната кампања.
Трудо се враќал во автобусот во моментот кога бил погоден, но нема посериозни повреди.
Канадскиот премиер во средината на август распиша предвремени избори во надеж дека ќе осови мнозинство со неговата Либерална партија на левиот центар.
Justin Trudeau is so hated by Canadians that people are risking jail time to throw rocks at him.
Pro-tip: Do not throw stones at Prime Ministerspic.twitter.com/xOpH7V3wJz
— Keean Bexte (@TheRealKeean) September 6, 2021
Но, во текот на изборната кампања сериозни проблеми му прават демонстрациите пртоив задолжителната вакцинација како и против другите ограничувања вовоедени за заштита од коронавирусот.
Плановите на Трудо за задолжителна вакцинација станаа главна тема пред изборите закажани за 20.септември.
Минатиот месец канадската влада објави дека сите државни службеници, вклучувајќи ги и работниците во секторите регулирани на федерално ниво како што се железниците, мора да бидат вакцинирани до крајот на октомври во спортивно ризикуваат да ја загубат работата.
Во Канада мора да се биде вакциниран и за да се патува со воз или авион. Земјата има една од највисоките стапки на имунизација против Ковид-19 во светот.