Текстилните компании ги преиспитуваат условите за работа во Бангладеш

Од:

Група од 70 големи текстилни компании соопшти дека во следните девет месеци ќе изврши инспекција на производствените погони во Бангладеш и ќе ги реновира тие што се во најлоша состојба.

Меѓу производителите се шведската фирма „Х енд М“, италијанската „Бенетон“ и француската „Карфур“.

Според договорот, компаниите се обврзани да ги платат административните трошоци, обуката на работниците, подобрувањето на безбедносните услови и реновирањето на објектите. Со договорот се опфатени од 800 до 1.000 фабрички погони.

Во Бангладеш има околу 5.000 погони на текстилната индустрија.