Младата женска македонска кошаркарска репрезентација го забележа вториот пораз на У-20 Европското првенство – Б дивизија што се одржува во бугарскиот град Албена, откако попладнево загубија од Португалија речиси добиен натпревар.
Македонија одигра одлични три четвртини по кои водеше со 42:35, за во последните 10 минути да постигне 11, а прими 20 поени и со вкупни 55:53 го загуби дуелот против фаворизираниот противник.
Македонските кошаркари со овој пораз значително си ги намалија шансите за освојување на едно од првите три места кои обезбедуваат пласман во натпреварување од повисок ранг. Тие по четири одиграни натпревари има две победи и два пораза.
Денеска уште играат: Велика Британија – Летонија, Романија – Бугарија и Израел – Чешка.
Табела: Португалија 3-0 (победи-порази), Белгија 3-0, Чешка 2-1, Бугарија 2-1, Македонија 2-2, Израел 1-2, Велика Британија 0-3, Летонија 0-2 и Романија 0-2.
Следниот дуел Македонија ќе го има в среда против домаќинот на првенството, селекцијата на Бугарија.