Голманот на Баерн, Мануел Ноер се повреди минатата недела за време на натпреварот од Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд (3:1). На голманот му е дијагностицирана повреда на скочниот зглоб на десната нога. Тој денеска не учествуваше на тренинзите на тимот.
Според „ Bulinews“, учеството на 35-годишниот Германец на натпреварот од германското првенство против Келн, закажан за 22 август, е неизвесно.
Ноер одигра 33 натпревари во Бундеслигата минатата сезона.