Репрезентацијата на Македонија составена од кошаркарки до 20 години по синоќешниот пораз од Израел денеска во рамките на 3.коло од Европското првенство – Б дивизија за противник ја има Романија.
Македонија во 1.коло ја победи Велика Британија (60:57), а синоќа во 2.коло загуби од Израел со 66:48 (5:14; 23:7; 14:16 и 24:11).
Анжелика Митрашиновиќ со 17 поени беше најефикасна на натпреварот, а Александра Стојановска постигна 16 поени. Кај Израелките најдобра беше Еден Порат со 14 поени и 10 скокови.
На другите натпревари од 2.коло постигнати се следниве резултати: Романија – Португалија 64:67, Белгија – Чешка 73:62 и Велика Британија – Бугарија 67:86. Слободна беше репрезентацијата на Летонија.
Покрај дуелот Македонија – Романија денеска играат уште: Летонија – Белгија, Бугарија – Израел и Чешка – Велика Британија. Слободна е Португалија.
Табела: Португалија 2-0 (победи-порази), Белгија 2-0, Израел 1-1, Бугарија 1-1, Чешка 1-1, Македонија 1-1, Велика Британија 0-2, Романија 0-1, Летонија 0-1.