Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години вечерва постигна победа на стартот од Европското првенство – Б дивизија. Совладана беше Велика Британија со 60:57 (15:13; 14:12; 12:21; 19:11).
Решавачкиот кош за победа го постигна Ивона Пејковска со звукот на сирената за крај на натпреварот.
Најефикасна кај Македонија беше Анжелика Митрашиновиќ со 14 поени, а имаше и 13 скокови. Драгана Јоловиќ постигна 10 поени, Пејковска 9, а Александра Стојановска имаше 12 скокови.
Утре Македонија за противник го има Израел.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Чешка – Летонија 67:59, Португалија – Израел 66:38 и Бугарија – Белгија 67:70. Слободна беше репрезентацијата на Романија.