Тренер по џудо извршил полови дејствија врз 14-годишни деца во Прилеп, поднесено обвинение

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 46 години кое го товари за сторени кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата, за кое за две оштетени се гони за продолжено кривично дело по член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и за две оштетени по член 189 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, се вели во соопштението од ОЈО.

Заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​

Би можело да ве интересира

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

Ја истепал и ја силувал во автомобилот на татко му, се бара пртивор за скопјанец

Истрага за обид за силување во Скопје, притвор за осомничениот велешанец

Маж од радовишко силувал 12-годишно девојче