Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години со четири порази и без ниту една победа го заврши Фиба „Челенџер“ турнирот во македонската престолнина.
Избраничките на селекторот Саша Димитријевиќ синоќа загубија од Косово со 63:62. За Косовките ова беше прва победа.
Победник на турнирот е Словачка со максимални осум бода, пред Романија со три победи и еден пораз и Луксембург со две победи и два пораза.