Осумнаесетгодишник од гостиварско осомничен за силување малолетна роднина

Од:

Осумнаесет годишник од гостиварско е задржан во полиција и изведен пред надлежен судија под сомнение дека сексуално злоупотребил малолетна девојка.

Според информациите од СВР Тетово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера во 17:30 часот го лишиле од слобода А.Е. 18-годишен жител на гостиварско село. Тој се сомничи дека дента околу 14:30 часот во селото извршил обљуба врз малолетничка, која му била роднина.

По пријавувањето, А. Е. е задржан во Полициската станица Гостивар и со соодветен поднесок денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Би можело да ве интересира

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Кевин Костнер e обвинет за силување

34-годишен маж силувал 14-годишно девојче

Македонски државјанин е осомничен дека се обидел да силува девојка во Белград

Ја претепал и ја силувал, грозоморни детали за напад во Сопиште

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило